Во однос на бројките, кои секојдневно излегуваат во дневните статистики на министерството за здравство се очекува дека реалните бројки се за 5 до 10 пати поголеми.

Еве зошто. Симптомите на омикрон не се разликуваат од оние на настинка. Тоа се симптоми на горните дишни патишта (најчесто кашлица, малаксаност, затнатост и течење на носот).

Граѓаните веќе подолго време претежно се тестираат со брзи тестови од аптека. Нивната сензитивност се движи меѓу 30 и 60 проценти за делта. За омикрон е уште пониска. Значи, добиените негативни резултати се во голема мера лажно негативни.

И граѓаните слободно продолжуваат да се движат. Има и такви кои и со позитивни наоди тоа го прават, заради лесните симптоми, а има и такви кои, иако имаат симптоми, не се ни тестираат.

Оттаму, бројот на позитивни ПЦР тестови ни оддалеку не ја отсликуваат вистинската состојба. Настрана фактот што за изработка на еден ПЦР тест потребни се најмалку неколку саата, вели Даниловски