Ламбе Алабаковски, кој пред неколку месеци го подмета пожарот во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, е осуден на условна казна од шест месеци.

Според информацијата која ја доби „Нова Македонија“ од Основниот суд во Битола, Алабаковски, кој го призна делото, согласно чл. 288 став 1 од КЗ е осуден на алтернативна условна осуда со утврдена казна затвор во траење од шест месеци, доколку во период од една година не стори ново кривично дело.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Комунистичкиот стил на работа, се уште присутен во македонските институции
Следната статијаССМ ја тужи Владата поради минималната плата