Долгите редови пред вратите на институциите се уште се голем проблем за македонските граѓани. Во просек еден граѓанин треба да оддели скоро пола ден доколку треба да поднесе обично барање до македонска институција, а уште поголем проблем е што одговор од институцијата стига кога е предоцна или кога веќе не е потребен или граѓаните никогаш не го дочекуваат одговорот. 

Да добиете една информација која е од јавен карактер, во просек треба да чекате од две недели до еден месец. Добивање на информации од јавен карактер е тешка и исцрпувачка борба. Барем неколку пати треба да се јавувате, праќате е-маилови и да дадете до знаење на лицето одговорно за односи со јавност дека немате намера да се откажете од добивање на информацијата.

Ако сепак се откажете или на институцијата и е потребно предолго време да ви одговори, сторијата ја објавувате без одговор или ви доаѓа одговор откако ќе ја објавите сторијата.

Како причина за предолгите редови од страна на институциите најчесто се наведува недостаток на кадар или отсутност на колегата што нема кој да го замени. Иако приговорот на јавноста е дека во институиите има превработеност, таа превработеност очигледно е присутна само на пресметките за плата.

  • Заспани институции 

Комунистичкиот стил на работа повозрасните граѓани ги асоцира на време во кое има многу вработени, но нема ефикасност и динамика на работа. Еден човек ги обавува скоро сите работи, додека другите се само формално присутни и имаат високи титули кои ја амнестираат нивната некадарност и не работење.

И покрај тоа што веќе 3 децении сме надвор од социјалистички систем на уредување, не можеме да се извлечеме од стилот на работење кој е доминантно присутен низ институциите.

-Чекам ред повеќе од 1 час за еден печат. Редот е предолг и работат само неколку шалтери. Многу често се случувало да ме фати и пауза чекајќи па да не можам со часови да завршам работа, истакна граѓанка која денеска беше во едн од многубројните долги редови пред Агенцијата за вработување во Скопје.

-Да заврши една работа во институција, човек треба да оддели пола ден, а јас не можам одам на работа или доколку не сум на работа целото слободно време го трошам во чекање во ред и тоа редовно се повторува, истакнува анкетираната.

Од друга страна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека во Агенцијата за вработување процентот на невработени е навистина се уште висок, но 93,4 проценти од невработените се функционално неписмени, или значи дека нивните вештини не одговараат на пазарот на трудот.

Засега не е познат податокот колку од вработените низ институциите се функционално неписмени, што е проблем низ годините наназад и ги создава долгите редови низ институциите.

Функционалната неписменост во државните и јавните институции настана по рамковниот договор, од кога наместо по кадарност се вработуваат луѓето по национална припадност за задоволување на квоти.