Паузите и одморите за вработените лица, односно користењето пауза за времетраењето на работното време е определено со одредбите од член 132 од Законот за работните односи.

Согласно одредбите од член 132 од Законот за работните односи, за време на дневното работно време, работникот кој работи шест часа и подолго од шест часа, има право на пауза во траење од 30 минути.

Работникот кој работи со пократко работно време, меѓутоа најмалку четири часа дневно, има право на пауза во траење од 15 минути.

Должината на паузата во случај на нееднакво распоредување или времено прераспоредување на работното време, се одредува пропорционално на должината на дневното работно време.

Паузата може да се одреди дури по два часа работа и најдоцна три часа пред крајот на работното време.

Времето на паузата во текот на работниот ден се засметува во работното време и за истото се исплатува плата.

Вработениот кој е пријавен со работно време од 7 часа дневно (35 часа неделно), има право на 30 минути пауза, во текот на работниот ден.