Трошоците на животот во октомври 2022 година, во однос на октомври лани, бележат зголемување од 19.8 %, а цените на мало од 15.4 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во однос на септември годинава, пак, трошоците на животот се поголеми за 1.4, а цените на мало за 0.6 проценти.

Пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 7.3 %, млекото за 5.9 %, сирењето и урдата за 5.7 %, месото за 3.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 3.2 %, рибата и морските плодови за 2.8 %, лебот и житата за 1.8 %, кафето, чајот, какаото за 1.4 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.1 %, виното за 0.9 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.5 %, пивото за 0.4 % и жестоките пијалаци за 0.3 %.

 

ИЗВОРРепублика
претходниот член,Третина од деца на седумгодишна возраст во Македонија се со зголемена телесна тежина
Следната статијаГодинава сончев удар убил 15.000 луѓе на планетата

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде