Повеќето свеќи не треба да горат повеќе од четири часа, од едноставни причини, ќе достигнат превисока температура, фитилот ќе „цути“, но има и други причини зошто свеќата не треба да гори предолго.

Лара Адлер, експерт за токсини од нашата средина, рече дека свеќите можат да испуштаат токсини, вклучувајќи бензен, толуен, па дури и формалдехид, во зависност од материјалот од кој се направени.

Една неодамнешна студија објавена од Њујорк Тајмс покажа дека има мали шанси една запалена свеќа да испушта доволно штетни материи за да го загрози здравјето, но во зима сме под дополнително оптоварување поради послабиот квалитет на воздухот во куќата и помалата вентилација.

Може да почувствувате симптоми како што се гребење во грлото, зголемено кинење или дури и главоболки, особено кога станува збор за „миризливи свеќи“, рече таа, додавајќи дека свеќите направени од нафта и деривати на парафин се поштетни за околината отколку восочните.

Но, дури и свеќите направени од природни материјали можат да бидат предизвикувачи за непријатни симптоми или да ја влошат вашата состојба ако имате астма, предупреди таа.