Манастирот Успение на Пресвета Богородица во с. Матејче, подолго време е цел на вандализам и кражби. Во изминатите денови, целосно е откриен и украден оловниот кров, со што храмот, целосно е препуштен на надворешните атмосферски влијанија, истиот е во опасност да биде неповратно уништен.

Манастирот Успение на Пресвета Богородица во с. Матејче е прогласен за споменик на културата во опасност, и потребна е итна интервенција од страна на стручните служби во Министерството за култура.

За да се спречи понатамошното уништување и повторно да се врати сјајот на овој манастир во состојба како што беше пред 2001 година, Македонската Православна Црква – Кумановско-осоговската епархија поднесе Пријава за извршена кражба до Министерството за внатрешни работи, и Барање за итно интервенирање до Министерството за Култура, Управата за заштита на културното наследство и Националниот конзерваторски центар.

Во координација со сите институции во државата кои имаат ингеренции за спроведување на законите и владеење на правото, се надеваме дека ќе успееме да го зачуваме Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матејче од негово неповратно уништување.

Соопштение од Кумановско-Осоговска епархија