Роден во Рим, од царски родители. Мајка му, двајцата браќа и татко му се изгубиле на исток.

Кога отишол да ги бара, во Александрија го сретнал апостолот Варнава.

Неговите браќа Фаустин и Фаустинијан веќе биле со апостол Петар, кој ја нашол мајка си како стар просјак, а потоа и татко му. Апостол Петар го поставил за епископ на Рим пред да биде распнат.

Царот Трајан го протерал во Херсон, каде што нашол 2.000 христијани како резбале камен на безводно место.

Светителот им донел вода. Обратил толку многу неверни жители на тој крај во христијанство што таму за една година биле изградени 75 цркви.

Свети Климент бил удавен во морето во 101 година, а неговите мошти биле извадени од морето во времето на светите Кирил и Методиј.

Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени.

Тој бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот.

Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.

Денеска Свети Климент Охридски се почитува како заштитник на Македонија, градот Охрид и Македонската православна црква.