Според планот на ЕК, кој „Политико“ го имаше на увид пред објавувањето и кој беше потврден денес, клучните одлуки сепак ќе бидат на земјите-членки.

Како што е наведено во нацртот, секоја земја што им дозволува на вакцинираните граѓани да ги заобиколат ограничувањата за патување, како што се тестови и карантин, мора да ги прифати „ковид пасошите“ на другите членови „под истите услови“.

Сепак, се додава, дека таа обврска се однесува само на вакцините одобрени од ЕУ, што значи дека руската вакцина Спутник V и кинескиот Синофарм нема да бидат опфатени, и покрај фактот што тие ги користат некои членки, како што е Унгарија.

Сепак, нацртот нагласува дека земјите од ЕУ можат да одлучат да прифатат руски и кинески вакцини по сопствена одлука.

Ова не треба да ги спречува земјите-членки да прифаќаат издадени сертификати за вакцинација за други вакцини – гласи текстот.

Плановите за воведување „ковид пасоши“ исто така предизвикаа загриженост дека невакцинираните патници ќе се соочат со дискриминација. За да се избегне тоа, во дигиталните сертификати, покрај вакцинацијата, ќе биде снимен и позитивен тест за корона стар најмалку 20 дена, што сугерира дека патникот има антитела или свеж негативен текст како доказ дека во моментов не е заразен.

Во нацртот, исто така, се наведува дека сертификатот „не може да биде предуслов за остварување на правото на слободно движење“ и не може да биде „предуслов за користење прекугранични услуги за превоз на патници како авиокомпании, возови, автобуси или траекти“.