Луѓето кои имаат миленичиња, покажуваат поголема свесност за значењето на животот и благосостојбата на животните.
Во поширока смисла тие се виталисти и работат на сеопшто унапредување на животот и среќата.
Од миленичињата нема нужда, освен емоционални и социјални потреби кои тие ги задоволуваат.
Но постојат голем број на предности за луѓе кои одгледуваат домашни миленичиња:
- Дневна рутина
Милениците случајно или не, ви ја одредуваат вашата дневна рутина, ќе почнувате да заспивате и се будите порано, како и тие.
Нивната потреба од вас да ги нахраните, да им исчистите или да ги изведете на прошетка, нема да ви дозволи поинаку да го планирате вашиот сон и да имате нездрави навики.
- Смисла
Домашните миленици му даваат поинаква конотација на вашето постоење.
Благодарение на нив сфаќате колку може вашите постапки како – хранење, чистење и др. да бидат некому од полза и важни.
Помагајќи на домашните миленици, си помагате себе си!
- Емоционална интелигенција
Обидувајќи се да го разберете светот на вашите миленици, вие се развивате емоционално.
Милениците ќе ви помогнат да продрете во свет кој за останатите е невидлив и да го продлабочите своето знаење за светот.