Секогаш кога пуштаме нешто на ТВ, речиси автоматски земаме нешто за грицкање. Докторите често предупредуваат дека многу од намирниците што ги јадеме во таа прилика содржат премногу масти и предлагаат поздрави алтернативи.
  • Пуканки

Речиси сите обожаваме пуканки, а добрата вест е што тие се храна која слободно можете да ја грицкате додека гледате филм.

Тие не содржат шеќер, но премногу сол не е добра опција. Калориската вредност на пуканките е мала, освен ако не ги чувате во путер.

Тие се богат извор на влакна бидејќи се направени од цели зрна.

  • Јаболка со путер од кикирики

Ова може на прв поглед да изгледа како некомпатибилна комбинација, но откако ќе ја пробате, ќе се предомислите. Овие намирници имаат корисни состојки и висока калориска вредност, што значи дека нема да имате желба веднаш да посегнете по друга храна.

Ако исецкате јаболко и намачкате путер од кикирики (но не во големи количини), ќе имате совршена и здрава замена за класичните грицки.

  • Пудинг од чии семиња

Растението Чиа е најбогато со омега 3 масни киселини, протеини и влакна, а содржи и значителен број на витамини, минерали и антиоксиданси.

Чиа семето е одлично за регенерација на кожата, но и за согорување на маснотии, го зајакнува организмот и позитивно делува на органите за варење. Има неутрален вкус, па можете да го комбинирате со друга храна.

Идеја: потопете една лажица семки во вода и оставете ја да отстои 30 минути. После тоа, по желба измешајте го со мед, какао во прав или путер од кикирики.