Храната е гориво за телото и дефинитивно е потребно правилно и доволно да се храните со цел да обезбедите доволно енергија за вашето тело и вашиот мозок.
Но, секој од нас забележал дека понекогаш храната може да ја намали ефикасноста при работењето, да влијае врз опаѓање на притисокот и потреба од сон.
Во секој случај, луѓето се многу пофокусирани и ефикасни кога се гладни отколку кога се сити.
Изборот на храната треба да е таков да ве снабди со енергија, но да не ве засити целосно до граница на прејадување.
Во зависност од тоа каква е природата на вашата работа, ви препорачуваме посебна исхрана:
- Јаглехидрати ако работите умствена работа
Цело зрно од житарици или овошје кое содржи доволно јаглехидрати како банана или јаболка е совршен оброк за луѓето кои работат умствена работа.
- Протеини ако работите физичка работа
Протеински оброк заснован на јајца, пилешко месо или млечни производи е нужен доколку имате физичка активност.
Дури и во овој случај не занемарувајте ги јаглехидратите, бидејќи тие даваат најмногу енергија.