Кодошите се присутни во секоја компанија. Во принцип од прво видување можете да претпоставите кој би можел да биде вашиот најголем непријател кој прв ќе ви пружи рака за да ја стекне вашата доверба, а потоа да ја злоупотреби. 

Иако кодошите мислат дека ги надмудруваат другите луѓе и своите колеги во суштина тие само си ја копаат сопствената дупка, се подлабоко. Сите се свесни дека си имаат работа со кодош и го оставаат сам да се сопне на првиот камен кој го подготвува за другиот.

Една студија покажува дека, доколку кодошењето на работа стане казниво дело, компанијата ќе гради многу поуспешна приказна бидејќи ќе ги отстрани од системот луѓето кои сакаат да ги елиминираат сите кои се подобри од нив.

Неколку карактеристики на цинкарите:

  • Својата неработа ја прекриваат со тоа што ги кодошат другите 

Кодошите ги кажуваат само вашите грешки, никогаш нема да обрнат внимание на вашите резултати. Но вашите резултати се тоа што ве прават силен дел од компанијата, а не мислењата на колегите, најмалку кодошите.

Кодошите имаат намера својата неспособност и неработа да ја прекријат со тоа што ќе ги истакнуваат и прават видливи вашите грешки. Но не се вознемирувајте, сите се многу свесни што тие прават и прашање на време е кога ќе бидат покажани со прст како негативен пример.

  • Сакаат да имаат добар однос со сите за да дознаваат информации од другите

Тие сакаат да ја стекнат вашата доверба за да им откриете податоци кои би можеле да ги искористат против вас. Но кодошите имаат една клична грешка, а тоа е дека самите се многу претпазливи околку тоа што откриваат за себе.

Доколку почувствувате дека колегите се презаинтересирани за работи за кои не би требало да бидат, внимателно избирајте што им кажувате.

  • Се повикуваат на претпоставените 

Од петни жили се трудат да имаат добар однос со претпоставените, иако од другата страна менаџерите немаат баш високо мислење за кодошите.

Тие градат мит околу себе дека се жртви на животот и дека имаат многу мачна животна приказна со што го предизвикуваат сожалувањето на менаџерите и нивната толеранција кон класичен неработник.

Знајте дека секоја приказна на кодошите е конструкт и не дозволувајте да застанат помеѓу вас и претпоставените. Инсистирајте на тоа да поставувате личен и непосреден однос со менаџерите и од нив да ја слушнете приказната наменета за вас.