Многу луѓе се во заблуда дека животните постигнувања може да ги измерат во признанијата, дипломите, благодарниците, титулите, работните места, банкарските сметки, скапите надворешни атрибути за демонстрирање на социјален статус.

Вистината е дека човек е среќен само кога е перципиран и признат на вистински, а не на фиктивен начин.

Колку и да се тапкаат по рамо шефовите, да ви се заблагодаруваат за вашите заслуги потчинетите, целото општество да ви завидува на вашите способности, ниту едно од тие нешта не може да ја компензира вистинската, искрена и изворна љубов што некој ја чувствува за вас.

Кога некој ве става на ПРВО место во својот живот, само тогаш сте суштински признанени, фундаментално со целото свое постоење.

Се друго е само недостаток што се лекува на погрешни адреси – на работа, на курсеви, во друштво, социјална средина, волонтеризам и сл.

Најдобро е таа љубов да е партнерска, но не мора да е исклучиво партнерска.

Може да е од родител кон дете, или обратно, од пријател за пријател, од ученик за учител и обратно.

Во секој случај вистински сте среќни само ако некој во животот секогаш и без двоумење ве стави на прво место, никој и ништо не му е поважно од вашата моментална среќа, благосотојба и спокој!