Физичката активност е една од најважните работи за целокупното здравје на телото. Секој знае дека е неопходно да се вежба најмалку 2 пати неделно, а сега научниците го откриваат точниот час кој е најдобар за вежбање.

Истражувачите, предводени од професорот Пол Арсиер од колеџот во Њујорк, спровеле студија во која учествувале 30 жени и 26 мажи. Целта на ова истражување беше да се одреди најдоброто време за вежбање, односно во кое време се постигнуваат најдобри резултати.

Мажите и жените кои учествуваа во студијата беа вклучени во програма за вежбање и исхрана која траеше 12 недели. Планот на исхрана содржел 4 оброци дневно, а програмата за вежбање и часовите се менувале на секои четири дена.

Едната група тренираше помеѓу 6:30 и 8:30 наутро. Тие тренирале пред појадок, додека другата група која тренирала од 18:30 до 20:00 часот морала да остави еден оброк за после тренинг.

По 12 недели тестирање, истражувачите дојдоа до следниве резултати:

Жените кои сакаат да ги изгубат мастите од стомакот и колковите треба да вежбаат наутро, додека жените кои сакаат да ја зголемат мускулната маса, издржливоста и силата треба да вежбаат попладне.

Кај мажите, резултатите беа обратни. Оние кои сакаат да го изгубат обемот на стомакот треба да тренираат попладне, а за зголемување на мускулната маса потребно е да вежбаат наутро.