Фокусот на новата научна студија е токму оваа врска помеѓу квалитетот на спиењето и физичкиот напор. Неговите автори сакаа да откријат кога е оптимално време за вежбање навечер, особено ако се грижиме за добар сон.
Истражувањето е спроведено од научници од канадскиот универзитет Конкордија. Тие ги собраа петнаесетте најрелевантни научни трудови за влијанието на вежбањето врз спиењето и ги анализираа податоците презентирани во нив.
Учесниците во експериментите од дадените студии беа претежно помлади и средовечни луѓе, а истражувачите обрнуваа внимание на нивниот начин на живот, нивото на физичката форма, здравствената состојба итн.
–Генерално, нашата анализа покажа дека кога луѓето ќе го завршат тренингот два часа пред спиење, можат да сметаат на подобрување на квалитетот на сонот, вели главниот автор на студијата, Емануел Фримпонг, додавајќи: -На учесниците во нашиот експеримент им требаше подолго време за да заспијат, а времетраењето на нивниот сон беше пократко.
Истражувачите исто така открија дека возењето велосипед е особено корисен тип на рекреација, бидејќи луѓето кои се занимаваат со оваа активност имаат посилен сон.