Според новото истражување, колку повеќе ќерки има таткото, толку е подолг неговиот животен век, поточно, за секое родено женско дете има дури 74 недели.

Доаѓањето на бебето е одлична работа за секој родител и му го менува животот, без разлика дали имате син или ќерка. Сепак, многу истражувања покажаа дека татковците стануваат особено нежни кога ќе се роди нивната ќерка и дека имаат посебен однос цел живот, како и мајките со синовите.

Ќерките имаат уште една предност, докажано е дека живеат подолго. Во анализата учествувале повеќе од 4.310 луѓе (2.147 мајки и 2.163 татковци), при што било откриено дека вкупниот број на деца или синови немал ефект врз татковците, но бројот на ќерки е поврзан со долговечноста на татковците.

Студијата покажа дека татковците кои имаат ќерки живеат подолго, а колку повеќе ќерки имаат, толку подолго живеат, дури 74 недели за секоја родена ќерка. Иако ова е добра вест за татковците, мајките го немаат истиот резултат.

Според една студија објавена на American, и ќерките и синовите негативно влијаат на здравјето на мајката и всушност го скратуваат животниот век. Ова може да се додаде на неодамнешното истражување според кое најсреќни жени се оние кои остануваат слободни и немаат деца.

На тој начин мајките подобро се грижат за своето здравје, а татковците се среќни што имаат што повеќе ќерки.