Со усвојувањето нов закон, по речиси 30 години од првичниот, Кина денеска на жените им овозможи поголема заштита од родова дискриминација и сексуално вознемирување, пренесуваат британските медиуми.

Законот доаѓа во време кога активистите изразуваат сѐ поголема загриженост поради зголемената реторика на владата за вредностите на традиционалните женски улоги и тоа што некои го гледаат како назадување на правата на жените и порестриктивни ставови кон абортусот, додаваат британските медиуми.

Сè уште не се знае до кој степен ќе бидат застапени ваквите поконзервативни владини ставови во новиот закон, бидејќи деталите од овој правен акт сѐ уште не се објавени.

Ова е првпат по 30 години да се менува законот за заштита на жените.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Градоначалникот на Благоевград: Македонскиот клуб е нелегитимен и не треба да го носи името Никола Вапцаров
Следната статијаДали знаете зошто се прославува Ноќта на вештерките и која е симболиката на тиквата?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде