Градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов во врска со вчерашните случувања околу отворањето на клубот „Никола Вапцаров“, за БНТ изјави дека е важно што се поминало мирно и без нарушување на јавниот ред во градот, јавува дописникот на МИА од Софија.

Стојанов не очекува нови тензии. Според него, Благоевград е многунационален град во кој живеат луѓе од различни националности како една заедница меѓу себе. Така да не очекува никакви нарушувања на состојбата во таа насока.

Илко Стојанов коментира дека македонскиот клуб е нелегитимен бидејќи не е во согласност со Законот за организација на територијата на Бугарија и додаде дека тој повеќе е канцеларија во која се собираат луѓе на приватна основа. Според Стојанов, клубот не треба да го носи името на Никола Вапцаров.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Пет знаци дека сте под стрес кој телото не може да го издржи
Следната статијаКина усвои Закон за заштита на жените од родова дискриминација

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде