Немаме точни информации за многу детали. Одлучено е да не се даваат изјави се додека не добиеме официјални информации, кажа градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, по состанокот на кризниот штаб во општинската зграда.

Таа истакна дека пожарот во тетовскиот ковид-центар е голема трагедија.

Истражните органи ги истражувааат причините за пожарот. Како настанал пожарот можат да кажат само стручните служби и сите останати кои вечерва се на терен и вршат увид. Ќе работат во текот на ноќта, а увид ќе се прави и утре – рече Арифи.

Денеска во 10 часот е закажана итна владина седница за пожарот, како што потврдил премиерот Зоран Заев по состанокот на кризниот штаб.