По шпекулациите дека лекарите кои не прифаќаат да се вакцинираат и шират информации во јавноста дека вакцината е небезбедна или неефикасна, ќе бидат санкционирани, на оваа прашање одговори и министерот за здравство Венко Филипче.

За тоа прашање ќе одлучува лекарската комора, кратко се осврна министерот.

Во земјите од регионот веќе некое време се разгледува прашањето за санкционирање на лекарите кои нема да прифатат вакцинација.

Во Србија се разгледуваше можноста за намалување на платите на лекарите за двојно помалку во однос на другите кои се вакцинирани.

Сепак, лекарската комора одлучи дека поради дефицит на кадар во здравтството во Србија таква мерка нема да се воведува.