Сите понекогаш сме биле во контакт со опсесивни или патолошки љубоморни партнери или пријатели. Опсесивните профили на луѓе не сакаат да го делат вашето внимание и тие имаат забелешка на се што ќе го „украде“ вашето внимание за кое сметаат дека по дифолт нив им припаѓа.

Опсесивните и патолошки љубоморни луѓе се вистинска закана за вашата безбедност и од нив треба да се тргнете што поскоро. Доколку имате проблем да го сторите тоа и неопходна ви е помош, не чекајте да ја побарате од блиски луѓе или од надлежни институции.

Во продолжение ви посочуваме неколку карактеристики на опсесивни и патолошки љубоморни луѓе:

Сакаат да ги знаат сите ваши пријатели и места каде што се движите

Опсесивните и патолошки љубоморни луѓе сакаат да знаат се за вас, а од најголема полза им се информации околу тоа со кој се дружите и каде излегувате.

Овој профил на луѓе сакаат да имаат целосна контрола врз вашето движење и комуникација со други луѓе и се чувствувате како буквално да градат тврдина околу вас од која не можете да допрете до надворешниот свет.

Имаат потреба да знаат што правите кога не сте со нив

Опсесивните и патолошки љубоморните луѓе не го разбираат концептот на приватност и време за себе. Тие имаат потреба да знаат што правите кога не сте со нив и на кој било начин сакаат да се вклучат во сите ваши активности, работи и хобија.

Патолошките профили на луѓе немаат разбирање за индивидуална и персонална слобода и посебност.

Постојано бараат одговори

Патолошките профили постојано бараат одговори, извештаи и сл. Поставуваат понекогаш и банални прашања, но одговорот не им е важен, каков и да е одговорот, тие ќе го протнат својот предлог или совет.

На тој начин сакаат да ви покажат дека сте во подредена состојба и ви влеваат страв за да ве задржат блиску до себе (ве парализираат со страв за да не можете да им побегнете).

Зборуваат лошо за луѓето околу вас и за работите што ги правите

Дури и да го направите најдобриот оброк на светот, да го уредите најдобро домот, да добиете унапредување на работа од соништата, тие едноставно нема да се среќни со вашиот индивидуален напредок. Напротив постојано ќе го оспоруваат напредокот и ќе ве спречуваат да ја градите својата самодоверба. На патолошки љубоморните и опсесивните луѓе не им треба човек со самодоверба и самосвест, нив им треба скршен човек и марионетка која ќе биде само во нивни раце.

Освен за вашите постигнувања, тие зборуваат лошо за луѓето околу вас и за вас пред вашите блиски луѓе. Едноставно сакаат да ве одделат од сите и да се претстават како единственото суштество кое го имате на овој свет.

Склони се кон насилство

Психопатите се склони кон разговор со повишен тон, имплицитни навреди, вршење на притисок, влевање на страв, закани, па дури и нанесување на физички повреди.

Тие насилството не го сфаќаат како проблем, туку како нормален метод „да ги стават“ работите во нивниот посакуван ред.

Ви ги прегледуваат личните работи

Не треба да се пазите од маж кој нема да забележи дека имате нов фустан или нова фризура, ниту од жена која нема да забележи дека сте ја избричиле брадата. Напротив луѓето кои загледуваат и ситници се ваша најголема закана.

Тие во секој момент очекуваат дека ќе добијат надворешен индикатор кој ќе им открие нешто повеќе за вас, па ви ја загледуваат облеката, чевлите, косата и комплетната состојба на телото. Нив не може да им избега ништо и се забележуваат.

Но уште една карактеристика е тоа што тие нема да ви кажат дека копчето на фармерките ви е откопчано иако ќе го забележат тоа, бидејќи се хранат од јавниот блам што ќе го доживеете, а тие ќе се најдат веднаш тука, да ви бидат рамо за плачење кога ќе сте посрамени.

Совет:

Понекогаш луѓето мислат дека е невозможно да се отргнат од ваков профил на луѓе и се разбира дека е така, не можат сами, но можат доколку побараат помош и тоа од надлежни институции. Најдобро е да го ограничите пристапот на таквите луѓе до вас прво и да внимавате да одржите безбедна дистанца со нив, бидејќи нив најмногу им треба вашата доверба за да се чувствуваат дека имаат моќ врз вашиот живот.

Автор: Магдалена Стојмановиќ