Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, во тамошните медиуми повторно настапи со остар и агресивен тон во однос на спорот со Македонија.

Не можеш да ја касаш раката која те поддржува и која ти е подадена со една братска добронамерност, во буквална смисла. Братска, затоа што ние сме еден народ и говориме ист јазик. Што и да ми зборуваат и објаснуваат за идентитетот, кој што бил многу древен, секој нормален човек кој што прочитал повеќе од пет страници историја поврзана со Македонија, знае дека таков идентитет, македонски, посебен од бугарскиот, пред 1944-та година не постои – изјавил Каракачанов за бугарските медиуми.