Досадата може да предизвика многу состојби, но може да послужи и како одбранбен механизам за заштита на луѓето од непријатни и вознемирувачки емоции, смета американскиот клинички психолог, д-р Ајана Абрамс.
Во тој случај, потребно е да се разгледаат техники за подобро справување со стресот, вознемиреноста и генерално негативните емоции, преку самоанализа, разговор со други луѓе и медитација.
Ако мислите дека досадата доведува до депресија во вашиот случај, најдобро би било да се консултирате со експерт.
Досадата е одговор на стресот, вознемиреноста …
Но, здодевноста не е секогаш лоша. Таквата состојба може да ги охрабри луѓето да ги менуваат навиките и да бараат ново значење во животот, што може да ги исполни на повеќе полиња и да ги подобри односите со семејството, децата и другите блиски.
Тоа е можност да ја погледнете вашата кариера, пријателства, па дури и вашата врска на вистински начин и да разберете како тоа влијае на вас.