Имате долга листа на обврски. Треба да ги завршите неделава? Во меѓувреме сакате да се посветите и на својот социјален живот? Вие не чувствувате умор и сте полни со ентузијазам, но на вашето тело одмор очајно му недостига.
А еве како да знаете кога е време да ги ставите на пауза сите планови и да се посветите само на неограничен одмор и уживање:
- Толеранцијата ви е намалена
Луѓето кои се исцрпени имаат намалена толеранција токму поради тоа што секоја дразба може да им создаде нервоза. Ако почнуваат да ве вознемируваат звуци, прејако светло или многу гужва, значи дека треба конечно да одморите.
- Спиете без прекин со часови
Ако сонот не ви е попречен, а вие заспивате како „заклани“ тоа значи дека сте преморени и дека ќе ви требаат неколку дена да го регулирате сонот.
Обрнете внимание на тоа како и колку спиете!
- Се е монотоно и депресивно
Многу често монотонијата и депресијата е резултат на вашето чувство на исцрпеност кое упорно го игнорирате. Ако повеќе не гледате смисла во ништо, веројатно треба малку да одморите од активности, како би знаеле истите да ги цените повеќе кога ги имате!
- Без волја ги завршувате сите обврски
Ако ве вознемирува помислата дека треба да завршите нешто, тогаш прекинете го веднаш циклусот на умор и дајте си време за одмор.