Организиран човек секогаш има многу повеќе можности за успех. Колку сте повеќе организирани, толку повеќе ќе можете да прифаќате работи и обврски и да ги завршувате без никаков проблем. 

Но за да ја задржите организираноста, треба многу посветеност и внимание. А еве како да си помогнете кога работите ви се „лизгаат низ прсти“ и губите контрола:

  • Не прифаќајте повеќе од она што е предвидено 

Планерот е исполнет! Нема повеќе што да барате обврски, време е за одмор! Правете го она што го сакате во слободно време или одвојте време за хоби, но и за одмор.

Времето за одмор треба да е точно предвидено!

  • Секој ден потсетувајте се што важно имате да направите

Организираните луѓе размислуваат во датуми, точно време и точни локации. Тоа им е ориентир од кој не отстапуваат.

Никогаш не оставајте работите да бидат непредвидливи и секогаш однапред направете план Б па и Ц доколку нешто појде наопаку во првичниот план.

  • Времето за одмор не го трампајте со ништо друго

Време за хоби е време за хоби, но време за одмор е задолжителен дел од нашето секојдневие. Затоа не ризикувајте го вашиот сон, само за да останете некој час повеќе да ја догледате последната епизода од омилената серија или да дочитате уште неколку страници од книгата која штотуку ве заинтригира.

Потрудете се да одите во кревет секоја вечер во приближно исто време!