На вчерашната владина седница беа усвоени измените на Кривичниот законик, со кои се зајакнува заштитата на жените.

Со новото дело „Демнење“ се предвидуваат строги санкции за вознемирување и преку интернет.

Тој што неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друго лице, или со него воспоставува или се обидува да воспостави несакан контакт, со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на личните податоци, со користење на средства за јавно информирање и други средства за комуникација, или на друг начин психички го злоставува, вознемирува или застрашува, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години, изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ