Вода е нужен елемент за секое живо суштество да преживее.
Човечкиот организам е во најголем дел составен од вода и вода е потребна за многу животни функции – дишење, варење на храна, регулирање на телесна температура, чистење на организмот од вишок материи и сл.
Со една реченица кажано, без вода е невозможно да се живее и преживее.
Сигурно сте слушнале и дека 2 литри вода на дневна основа се задолжителни, а можеби и повеќе во зависност од возраста и телесната тежина.
Но, постои опасност дека целата количина на вода која ќе ја испиете нема да се апсорбира правило и ќе заврши во вашиот мочен меур, наместо да се дистрибуира до сите клетки.
Затоа, постои правило каква вода и на колку време ја пиете:
- Вода на собна температура
Без разлика дали пиете флаширана вода или вода од чешма, осигурајте се дека таа стои на собна температура подолго од 15-20 минути.
Вода на собна температура правилно се апсорбира, за разлика од ладната вода која троши многу енергија организмот да ја загрее до ниво на телесна температура.
- Мали голтки на секои 10 минути
Наместо да пиете големи количини на вода 1 или 2 пати во денот, пијте мали голтки но на покусо растојание.
Малите голтки и постојано пиење на вода помага за правилна хидратација и на кожата и правилна прераспределба на водата во сите процеси.
- Свежа вода
Долго стоената вода во пластично или стаклено шише, ги губи своите внатрешни својства.
Неправилното чување на пластиката особено може да значи и испуштање на токсини во водата.
Затоа пијте свежа вода, од извор или од чешма, но пред тоа осигурајте се дека е бактериолошки исправна и чиста водата.