Во два експерименти, се покажа дека околу 50 мачки успеале да се сетат на кои чинии има храна, дури и кога претходно поминале 15 минути надвор од собата со чинии, пишува списанието „Мачка“.
Друго истражување, објавено во 2008 година, покажа дека мачките се добри и со просторна меморија. Во таа студија, од мачките се очекуваше да се сетат на кои чинии веќе јаделе.
Сепак, се покажа дека постарите мачки правеле повеќе грешки отколку помладите, што покажува дека меморијата на мачката згаснува со возраста.
Овој вид меморија им помага на мачките да се сетат каде да најдат плен, како и дали веќе поминале одредена област за време на ловот таа ноќ.