На 20 јули 1969 година Нил Армстронг и Баз Олдрин слетуваат на површината на Месечината. Неколку месеци пред тоа, атронаутите од Аполо 11 се подготвуваат за ова експедиција во една одалечена пустина во западниот дел на САД, која наликувала на површината на Месечината. Таа е дом за неколку домородни американски заедници, а постои, приказна или легенда за една средба помеѓу астронаутите и еден локален жител.
Еден ден за време на подготовките, астронаутите сретнуваат еден стар домороден Американец. Човекот го прашал што прават таму. Одговориле дека се дел од истражувачката експедиција која наскоро ќе патува за да ја истражува Месечината.
Како старецот го чул тоа, не одговорил веднаш. По неколку минути молчење, ги прашал астронаутите дали можат да му направат една услуга.
„Што сакаш“ -го прашале.
„Па“, рекол старецот, „луѓето од моето племе веруваат дека на Месечината живеат свети духови. Си мислев дека може да им пренесете една важна порака од мојот народ.“
„Која е пораката?“ – го прашале астронаутите.
Старецот пропелтечил нешто на јазикот на своето племе и потоа ги замолил астронаутите да повторуваат по него, се додека не ја запомниле пораката како што треба.
„Што значи тоа?“ – го прашале астронаутите.
„Не можам да ви го кажам тоа, тоа е тајната која само луѓето од моето племе и духовите од Месечината смеат да ја знаат“.
Кога се вратиле во базата, астронаутите упорно барале некој што го зборува јазикот на племето на старецот, и кога конечно го пронашле, го замолиле да им ја преведе тајната порака.
Кога ги повториле меморираните зборови, преведувачот почнал хистерично да се смее. А кога конечно се смирил астронаутите повторно го прашале за значењето на овие зборови.
Човекот објаснил дека реченицата што толку внимателно ја запомниле гласи: „Немојте да поверувате во ниту еден збор што овие луѓе ќе ви го кажат. Дојдени се да ви ја украдат земјата.“