Поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервјуто за „Еурактив“ меѓудругото ја коментираше и блокадата на Бугарија кон членството на Македонија во ЕУ.

Во интервјуто, Коѕијас процени дека тонот на бугарската блокада го диктира членката на владината коалиција, екстремнодесничарската партија ВМРО чиј претседател е министерот за одбрана – Каракачанов.

Коѕијас истакна и дека Бугарија мора да го прифати фактот дека во Северна Македонија се родила нова нација, различна од бугарската која зборува на свој национален јазик, различен од бугарскиот.