Родовата еднаквост сè уште е далеку од реалност во Централна и Источна Европа. Проценката на статусот на еднакви можности, де јуре и де факто значително се разликува.
Со Законот за еднакви можности за мажите и жените се предвидени основни мерки со цел обезбедување на родовата еднаквост.
Мерките кои се предвидени во областа на образованието и стручното усовршување се едни од најважните. Едукацијата за воспоставување на еднакви можности претставува интегрален дел од системот на образование и професионалната обука, која обезбедува подготвеност на жените и мажите за активно и еднакво учество во сите области на општествениот живот.
Органите на државната управа надлежни за вршење на работите од областа на образованието и трудот, установите кои вршат едукација и професионална обука имаат должност да вршат редовна анализа на содржините на наставните планови, програми и учебниците од аспект на постојано унапредување на еднаквите можности на жените и мажите и обезбедување механизми за отстранување на предрасудите и стереотипите кои постојат во однос на воспоставувањето на еднакви можности.
Јуридика – Асоцијација за правни и економски истражувања и едукација