Видот на омикрон коронавирус што предизвикува КОВИД-19 брзо се шири низ светот, принудувајќи ги владите да ги променат своите национални стратегии во борбата против пандемијата. Се покажа дека Омикрон е многу позаразен од другите видови, со поголема способност да ја избегне активноста на вакцините и да доведе до повторна инфекција

Многу луѓе со КОВИД не искусуваат никакви симптоми за време на траењето на инфекцијата, а британските лекари објавија шест помалку познати симптоми кои може да укажуваат дека некое лице е заразено со омикронската варијанта на коронавирусот SARS-CoV-2.

Симптомите на кои укажуваат британските лекари се видливи на кожата, а првиот симптом се таканаречените прсти на Ковид. Прстите на заразените често се црвени или виолетови, а оваа појава е придружена со чешање и оток.

Друг симптом се испуканите усни, кои произлегуваат од благото зголемување на температурата, кое често останува незабележано.

Третиот симптом е сува кожа, особено на градите и вратот, каде црвенилото трае долго време.

Четвртиот, петтиот и шестиот симптоми се различни осип.

Едниот наликува на уртикарија, со која пациентите често ја мешаат оваа појава, додека другиот тип на осип најчесто покрива помал дел од телото, а најчесто се јавува на рацете, нозете и лактите и може да трае со недели.

Третиот тип на осип носи болни мали израстоци на кожата, слични на оние кои се јавуваат како абнормален одговор на телото на екстремен студ.

Осипот е црвен, па дури и виолетов, а најчесто се јавува кај помлади луѓе, објави Нови лист.