Враќањето на свеста по будењето е процес за кој треба време, но и работа.
Сите различно се будиме, на некои им треба повеќе време, додека други почнуваат со секојдневните активности без да чекаат долго во кревет или на софа со шоља кафе.
Но, не постојат научни докази дека кафето помага при будењето. Единствено времето кое поминува додека го пиете кафето е тоа што ве расонува.
Во случај да немате кафе при рака, или немате време да го испиете, ви предлагаме природни начини да се разбудите побрзо:
- Вода
Чаша вода секако треба да ви биде првиот пијалок наутро. Водата не содржи калории и самата течност веќе го активира организмот.
Хидрацијата од водата која е неопходна по ноќ без вода е исто така освежувачка за целото тело.
- Фокусирајте го умот
Не избегнувајте работа, напротив фокусирајте го умот и натерајте го да работи и мисли.
Напишете нешто, прочитајте неколку страници книга или направете ги пресметките за месечните сметки.
Важно е да го активирате умот и да го фокусирате.
- Нагли движења
Направете неколку скока, истрчајте или направете малку вежби. Тие ќе ви помогнат крвотокот да се раздвижи побрзо низ телото и ќе ја забрзаат работата на срцето.