Од денеска попладне се очекува промена на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Локално можна е појава на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења, град и силен ветер со над 80 километри на час.

Синоптичарите препорачуваат во случај на појава на електрични празнења, граѓаните да бидат внимателни и да не престојуваат на отворено и под дрвја.

Во изминатиот период, земјава е во портокалова фаза со температури над 40-тиот степен.

Дождот се очекува да помогне во стабилизирање на состојбата со пожарите во земјата и е добредојден токму во овој пеприод.

Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 20 степени, а максималната дневна ќе достигне високи 40 степени.

УВ иденксот ќе изнесува 9 мерни единици.