Ние луѓето сме социјални суштества. Создадени сме за да живееме заедно, да си помагаме и поддржуваме. Работните места во време на пандемија кога се инсистира на социјална дистанца и избегнување секаков можен физички контакт направија односите помеѓу колегите да „заладат“. Но, сте размислиле ли дека и не мора да биде така?

Има неколку работи кои можете да ги направите за повторно да се зближите и да чувствувате близина иако сте на физичка дистанца. Како?

Создадете си навика да им испратите порака на колегите да им посакате убав ден, да ги прашате наутро како се, дали се одморени и слично. Ова можете со пишување порака или меил. Ако некој/а колега/колешка се во изолација или на боледување исто така испратете им порака да ги прашате како се и да им посакате подобро оздравување. Така ќе покажете дека се грижите за луѓето околу вас, убаво е нели? Но не ги заборавајте и вашите претпоставени.

Истото направете го и за нив. Менаџерите можеби имаат железен оклоп, но не заборавајте дека под оклопот се крие човек со душа и чувства. И не заборавајте – правете им го на другите она кое сакате тие да ви го прават вам.

Тимот на Јуридика