Возачите и патниците ќе останат будни и среќни на долгиот пат ако пијат доволно течности, два литра на секои шест часа, препорачуваат германските лекари.
–Но, внимавајте што пиете, предупредува д-р Маркус Шмит. Најдобро е да пиете вода, чај или природно засладени сокови, наместо кафе или сокови со вештачки засладувачи, додава тој.
Иако кафето ќе ве остави будни поради големата количина на кофеин, неговиот ефект е привремен и возачите подоцна ќе бидат уште позаморни.
Истата работа е со шеќерот – и во тој случај медалот има две страни. Со внесувањето на шеќер, неговото ниво во крвта во моментов се зголемува, но подоцна паѓа уште повеќе, па патниците сметаат дека имаат помалку енергија од порано, велат експертите.
–Овошните шеќери и зеленчукот помагаат да се спречат овие осцилации и да бидете будни, рече германскиот лекар Маркус Шмит.