Една жена од градот Бризбејн во Австралија неодамна откри трик за ладење пиво за само 15 минути, што може да биде идеално за жешките летни денови.

Имено, таа додава мраз и две лажици сол во сад со вода, а потоа става шише пиво во тој раствор да отстои 15 минути.

Солта ја намалува точката на замрзнување на водата, поради што мразот ќе се стопи на пониска температура од вообичаеното, што ќе резултира со постудена вода.