Секој од нас некогаш бил предмет на озборување, коментирање во негативен контекст кои најголем број произлегуваат од предрасуди.
Тоа е нормално бидејќи секој поединец има различен животен стил кој произлегува од неговото воспитание, образование, идеи и светогледи.
Некои луѓе ни се послични, додека со другите не разликуваат многу нешта. Луѓето кои се премногу различни од нас во основа и ни се многу далечни.
Сите негативни коментари за вас произлегуваат само од предрасудите. Ја знаеете онаа мудрост: „И кучињата лаат по тој што не го познаваат“. Луѓето кои не ве познаваат вам доволно, вашето опкружување, вашите идеи и ставови нема да ве разберат и обично ќе си создаваат гласини кои имаат намера да го делавливаар вашето дело.
Лисицата која не успеала да го достигне грозјето рекла дека е кисело! Тоа бил единствен начин да даде алиби на својот личен неуспех да го досегне грозјето.
Во продолжение неколку совети како да ги надминете предрасудите и да се справите со туѓите „зли јазици“:
Бидете свои
Полошо е да бидете подлизурко одошто иритантен лик кој држи до себе. Затоа без разлика на тоа во какво опкружување ќе се најдете не ги менувајте своите навики, ставови и мислења, тие кога тогаш ќе испливаат на површина.
Важно е колку инсистирате на тоа да ги наметнете истите како рамноправни и да го победите сопствениот комплекс на пониска вредност. Поентата е – ДА БИДЕТЕ КУЛ!
Не им обрнувајте внимание на оние на кои не сте им пријатни
Оние кои најмногу ги иритирате сакаат во суштина да ви се доближат, но не им го дозволувајте тоа. Бидејќи луѓето кои можат да развијат иритација кон нешто што не го познаваат се незрели и полни со фрустрации.
Такви личности не треба да бидат дел од вашето опкружување. Затоа држете се настрана и мудро игнорирајте го секој нивен потег да ви се приближат.
Вагата може да натежне и на еден наспроти цела група
Дури и ако луѓето околу вас се групираат и имаат заеднички однос кон вас, тоа не значи дека треба да се чувствувате лошо бидејќи сте поединец што се бори со толпа.
Издвојте се од толпата и не престанувајте да комуницирате со средината прикажувајќи се себе си – преку танцување, зборување со странци, начин на движење, насмевка и сл. (зависи од контекстот во кој се наоѓате).
Групата ќе ја почувствува својата немоќ пред вас во оној момент кога ќе сфати дека автентичноста е секогаш повпечатлива отколку заедничка карактеристика која обединува, особено ако таа заедничка карактеристика е омраза кон вас.