Шолја кафе во просек содржи 100 милиграми кофеин, а оптимално е да се консумираат 3 до 4 милиграми кофеин за килограм.

Така, мажот тежок околу 61 килограм може да испие две чаши пред тренинг.

Ова ќе му даде дополнителна енергија на телото да тренира подолго и да вложи повеќе напор. Сепак, експертите предупредуваат дека кофеинот може да има и негативни последици за телото, како што се несоница, главоболки, вознемиреност и висок крвен притисок.

Затоа, не се препорачува претерување со овој топол пијалок.

Прекумерниот внес на кофеин може да го зголеми нивото на хомоцистеин во крвта, што е поврзано со мозочен удар и срцев удар, деменција и проблеми со плодноста, вели биохемичарот д-р Гил Харт.

Кофеинот е непредвидлив, затоа секогаш е важно да пиете вода за време на тренингот за да спречите дехидрација и прегревање на телото, додаде британскиот нутриционист Џо Траверс.

Претходните истражувања потврдија дека кофеинот помага во фудбалските и тркачките дисциплини, а спортистите го користат затоа што ја зголемува издржливоста и може да ги подобри моторните вештини.