Јуни ќе биде натпросечно топол и со потпросечно количество на воден талог. 

Се очекуваат почести продори на топол воздух од Африка. Сепак и покрај потпросечното количество на воден талог, повремено се очекува и појава на изразена дестабилизација на атмосферата, поројни дождови и повремени освежувања на времето, но генерално како што веќе кажавме овој месец ќе помине во знакот на многу топло време. Температурите повремено во најтоплите предели се очекува да се искачуваат дури и до околу 40 степени, а многу топло ќе биде и во останатите предели од државава. Уживајте во летното време, иако календарски истото сеуште и не е започнато, вели Попоски.

Климатолошкото лето, како што додава го означува почетокот на ураганите на Атлантикот, но и почетокот на монсунските дождови во Индија.