Не е за занемарување дека семки од тиква го подобруваат расположението во овие студени денови.
Научниците откриле и дека помагаат во намалување на симптомите на депресија, а одлични се и за намалување на стресот и анксиозноста.
Студиите потврдија дека 30 грама семе од тиква на ден ги ублажува симптомите на артритис.
Истражувањата покажаа дека семето од тиква може да го намали холестеролот за 13 проценти. Исто така, овие семиња го намалуваат ризикот од згрутчување на крвта, болести на кардиоваскуларниот систем, мозочен удар и срцев удар.
Тие ја ублажуваат менопаузата
Семките од тиква исто така можат да ги ублажат проблемите поврзани со менопаузата, со регулирање на напади на топлина, главоболки, намалување на болката во зглобовите и фреквенцијата на ненадејни промени во расположението.
Бидејќи тие се богати со незаситени масни киселини, исто така се добри во регулирање на нивото на шеќер во крвта и зголемување на чувствителноста на телото на инсулин. Многу експерти препорачуваат семе од тиква на дијабетичарите како храна што тие треба да јадат секој ден.
Богати се со цинк …
Луѓето на кои им недостасува цинк во своето тело, треба да размислат да почнат да грицкаат семе од тиква. Бидејќи, тие се богати со цинк, минерал потребен за градење коски. Само 1/4 чаша семе од тиква содржи дури 17 проценти од препорачаната дневна вредност на цинк.
Овие семиња се богати со растителни влакна и протеини. Постојат околу пет грама протеини во 30 грама семе од тиква, што ќе ве одржи сити подолго. Сепак, тие треба да се јадат во умерени количини, бидејќи една чаша семе содржи околу 285 калории.