Во текот на пролетта и летото имаме многу поголем избор на свежи намирници, овошје и зеленчук, од едноставна причина што тогаш им е сезона.
И додека сите сме среќни и задоволни што сега можеме да купиме, да речеме, грозје во продавниците во март, бидејќи намирниците се увезуваат, не размислуваме за едно.
Имено, експертите велат дека треба двапати да размислиме пред да купиме овошје кое не е во сезона.
Тие посочуваат дека одредени видови на овошје и зеленчук поминуваат низ невидена километража за да стигнат до полиците во продавниците, што влијае не само на нивниот вкус, туку и на нивните хранливи материи.
Затоа предупредуваат дека храната како домати, праски, бобинки, портокали, цреши, но и печурки и грашок не треба да се јаде надвор од сезоната.
Работата е во тоа што овошјето и зеленчукот што може да се купи надвор од сезоната, не созревале природно, на сонце, туку најчесто биле вештачки третирани со разни хемикалии кои можат да го оштетат имунолошкиот систем.