Израел се откажа од речиси сите правила кои бараат од луѓето да покажат статус на вакцинација, и покрај рекордниот број на пациенти со тежок облик на заболување од коронавирус.

Веќе во понеделник, луѓето ќе треба да докажат со потврда за ковид дека се вакцинирани или дека се опоравиле само ако присуствуваат на големи настани како што е свадба.

Луѓето можат да одат во кина, ресторани, хотели…
Тоа значи дека секој може да оди во ресторани, кина, хотели и дека не мора да покажува потврда дека е негативно тестиран.

Промената на правилата, исто така, значи дека кога луѓето ќе го напуштат Израел невакцинирани, повеќе не мора да покажуваат дека биле негативно тестирани.

Правилата се ублажени и покрај фактот што има повеќе од 1.200 пациенти во болниците, што е најголем број од пандемијата во земјата со 9,4 милиони.

Според Министерството за здравство 1.250 пациенти се тешко болни.

Бранот на варијанти на вирусот омикрон го достигна врвот пред околу две недели.

Денеска се пријавени 52.600 нови случаи, значително помалку од претходните скокови на 85.000 во еден ден.