На денешната прес-конференција за медиуми, претседателката на инсепкцискиот совет Магдалена Филоповска – Грашовска потврди дека ДПИ во текот на изминатата недела издал забрана за работа на два угостителски објекти.

Едниот угостителски објект од Гостивар не ја почитувал одредбата за работно време и се затекнат да работи и по 21 часот.

Другиот угостителски објект од Охрид, направил прекршок на Протоколите за работа со тоа што се затекнати повеќе од 4 лица на иста маса.

Покрај затворање и изречена забрана за работа, на овие угостителски објекти согласно пркршочните закони им е изречен и соодветен платен казнен налог.