Повеќе од пет милијарди евра од фондовите на ЕУ минатата година биле потрошени ненаменски, соопштија синоќа ревизорите на Унијата, истакнувајќи дека националните власти често грешеле во распредалбата на средствата, но истовремено посочувајќи и на зголемен број случаи на сомневања за измами.

Европскиот суд на ревизори (ЕЦА) што е одговорен за проценка на буџетот на Европската унија, во својот годишен извештај процени дека во просек три отсто од минатогодишните 181,5 милијарди евра расходи биле нерегуларни, што е зголемување во однос на претходниот кога на нерегуларности отпаѓаа 2,7 проценти.

-Нивото на грешка кај високоризичните трошоци беше се позастапено“, се посочува во ревизорскиот извештај што генерално дава „неповолно мислење“ за минатогодишните трошоци на 27-члениот блок земји.

Според ревизорите, грешките главно се предизвикани од проблемите што ги имаа националните власти при примената на сложените правила и критериуми за избор на корисниците на средствата. „Тоа не потпаѓа под измама или трошење средства“, велат тие.

Сепак, тие идентификуваа 15 случаи на потенцијална измама, значително повеќе отколку шесте претходната година.

Мислењата на ревизорот не водат кон директни последици, но може да поттикнат истраги за случаи по сомневање за измама, а на властите им останува да ги искористат за подобрување на начинот на определените средства наредните години.

Националните и локалните власти во 27-те земји-членки на ЕУ се одговорни за трошење на поголемиот дел од фондовите на ЕУ.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Дигиталната алатка TikTok се претвора во бренд за е-трговија
Следната статијаКако правилно да ја подготвите вашата професионална биографија?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде