Чистењето на куќата често изгледа како залудна работа, часовите што ги поминувате во неуморен „лов на прашинки“ веројатно ќе ги потрошите на нешто многу подобро.

Плус, сиот труд што го вложувате многу брзо станува невидлив, куќата се валка и потоа ја започнувате целата работа од нула.

Многу домаќинки користат практични трикови кои го забрзуваат овој процес на чистење, но тука треба да се биде особено внимателен.

Ако користите два популарни средства за чистење заедно, голема е веројатноста дека ќе завршите во болница, сугерираат експертите од Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Белилото никогаш не треба да се користи на иста површина како средствата за чистење базирани на амонијак.