Една од трите врби, поставени во реката Вардар, е речиси целосно уништена.  Тие беа дел од проектот „Скопје 2014“, а за нив беа потрошени неверојатни над 317.000 евра.

Симболично или не, прва се исуши врбата која го носеше името „Надеж“. Таа беше оштетена во невреме уште во август и веќе со месеци стои искршена и исушена.

Врбите беа поставени во 2011 година, во три армирано-бетонски жардиниери во форма на квадратни призми, со имињата Вера, Љубов и Надеж.

„Врбите се уметничко дело, а не садници“, одговараше авторката на обвинувањата, која во 2012 рече дека целиот проект чини 250 илјади евра кои „не се потрошени само за садници туку за целиот проект“.

ИЗВОРФокус
претходниот член,Работниците кои се на возраст од 40+ треба да работат по три дена неделно
Следната статијаСиндром Манхаузен: Ментално растројство на личност кое се манифестира со постојана потреба од туѓо сожалување

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде