дома информација вест Инспекторите досега поднеле 2 кривични пријави до угостители за организација на свади...

Инспекторите досега поднеле 2 кривични пријави до угостители за организација на свади и 7 за непочитување на протоколите

Претседателката на инспекцискиот совет на денешната прес конференција даде отчет за работата на инспекциските служби

545
0

На денешната прес-конференција претседателката на инспекцискиот совет – Магдалена Филиповска Грашкоска изјави дека инспекциските служби направиле 2183 контроли за време на епидемијата и увиделе бројни неправилности во работата на пред се угостителските објекти.

Инспекторите од пазарната инсепкција имале 24 пријави за пречекорување на работното време низ неколку угостителски објекти во Македонија.

Тие поднеле 2 кривични пријави против угостителски објекти кои организирале свадби и 7 кривични пријави за угостителски објекти кои не ги почитувале протоколите – растојание на маси, број на лица кои седеле на масите и сл.