Првиот случај на индискиот сој на коронавирусот во Словенија е откриен во примерок земен на 20 април, објавија денеска словенечките медиуми.

Директорот на Институтот за микробиологија и имунологија, Мирослав Петровец, сè уште не ја потврдил информацијата пред домашната јавност, а се претпоставува дека тоа ќе го стори утре на прес-конференција, на која ќе го претстави ширењето на нови видови на коронавирус во Словенија, меѓу кои најприсутен е британскиот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде